Невеста не можела да дојде на сопствената свадба, па го пратила брат ѝ да каже „да“

од Nikola Popovski

Необична венчавка се одржала во Босна и Херцеговина. Во местото Босанска Градишка, која се наоѓа во Република Српска (РС) при склучувањето на еден брак, наместо невестата, како полномошник бил присутен нејзиниот брат.

Оваа информација ја потврдила Божана Глувиќ, раководител на тамошното градско одделение за општа администрација.

Според неа, ова се случило во 2021 година бидејќи невестата не можела да дојде од странство поради пандемијата на коронавирус, пишува „Дневни аваз“, а пренесува „Н1 Загреб“.

Со законот за семејство на РС е регулирано дека надлежниот општински орган може да дозволи склучување на брак само во присуство на еден од брачните другари.

Слични содржини