Славјето откако Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон се уште не стивнува, а низ тенискиот свет одекна еден од најголемите скандали во поновата историја на „белиот спорт“.
Николос Басилашвили, своевремено 16. рангиран во светот и еден од најдобрите тенисери во историјата на Грузија, и Аслан Карацев, тениската сензација од Русија и полуфиналист на турнирот од 2021 година, се под истрага за учество во местење мечеви.
Exclusive: after a long research @MarkusHarm and myself publish a TV piece for the @sportstudio reportage today about matchfixing
According to ZDF info top 50 players Basilashvilli and Karatsev + their former coach Yahor Yatsyk are allegedly involved in matchfixing
Thread 1/
— Jannik Schneider (@schnejan) July 10, 2022
Интересно е што Карацев го победил Ѓоковиќ во полуфиналето на Србија опен истата година.
Наводно, белорускиот тренер Јахор Јацик им понудил пари за да учествуваат во местење мечеви. Како што пренесува германскиот портал „ZDF“, повикувајќи се на податоците од истрагата што ја спроведе ИТФ, Карацев наводно учествувал на пет натпревари на кои биле забележани чудни вложувања кај обложувалниците, од кои два спаѓаат во периодот во кој соработувал со Јацик. Исто така, Карацев и Јацик биле предмет на истрага на француската полиција за време на Ролан Гарос, за што пишувал француски „Л’Екип“.
ITIA didnt comment on Karatsev/ Yatsyk when asked. Nor on the question why both arent suspended despite investigations in France. Only Karatsev's former girlfriend, Sofia Dmitrieva, has been banned for life for matchfixing. Karatsev gave us an interview but pushed back his quotes
— Jannik Schneider (@schnejan) July 10, 2022
Интересно е што девојката на Аслан Карацев, Софија Дмитриева добила доживотна забрана за играње поради местење мечеви.
Што се однесува до Басилашвили, под истрага е и неговиот двомеч на Вимблдон во 2021 година. Во таа прилика, наводно, биле вложени над половина милион долари во пораз на мечот во кој тој и Раду Албот од Молдавија по пресврт изгубиле од Мартон Вучовиќ и Стефан Траваља.