Невидена катастрофа во Италија: Лизгање на земјиште затрупа куќи и автомобили, 13 лица исчезнаа (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Осум лица загинаа, а повеќе се водат како исчезнати откако невреме предизвика лизгање на земјиштето на италијанскиот остров Искија, пренесува италијанска „Република“.

„Република“ пишува дека десетина згради биле затрупани во лизгање на земјиштето во градот Касамиколи на островот Искија и дека во тек е потрага по исчезнатите.

Министерот Матео Салвини рече дека загинале осум лица, додека владата изразила солидарност со погоденото население.

Според италијанските медиуми, има исчезнати лица, меѓу кои и семејство составено од маж, жена и бебе и 25-годишна девојка. Се стравува дека бројките би можеле да се зголемат.

Италијанската противпожарна бригада на Твитер објави дека трага по исчезнати лица во градот Казамичола.

Пожарникарите соопштија дека извлекле еден автомобил од морето и спасиле двајца патници, пренесе Ројтерс.

Паѓале камења од планината, при што биле затрупани неколку куќи и одвлечени повеќе автомобили до морето. При тоа се урнале и 10 згради.

„Тоа е сложена ситуација, има куќи кои беа откорнати од лизгање на земјиштето“, објаснува командантот на карабинерите Тицијано Лагана.

Министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи изјави дека на Ишја паднал големо количество дожд. „Постојано го следиме развојот на ситуацијата. Што да кажеме, огромното лизгање на земјиштето возводно од Казамикола зафати неколку домови. Вкупниот број на исчезнати лица го дефинира координацијата на Префектурата, која е во врска и со сите градоначалници на островот за превентивна евакуација на други семејства“, рече министерот. Помош пристигнува и надвор од регионот.

Слични содржини