Невидена заштита од Ковид-19: Сцена од американско училиште ги разбрани социјалните мрежи – „Запрете го лудилото“ (ФОТО)

од Nikola Popovski

Група од средно училиште во американскиот град Веначи е принудена да вежба во мали затворени шатори. Оваа заштитна мерка против Ковид-19 по повторното отворање на училиштата низ САД беше исмејувана на социјалните мрежи.

Средношколците од овој град се вратија на училиште на 26 јануари, но со пропишаните строги мерки.

Фотографиите објавени од локалниот весник „Веначи Ворлд“ во средата покажуваат млади музичари затворени во нивните мали зелени шатори за физичка далечина, обидувајќи се да свират инструменти. Таа сцена предизвика бура од коментари на Интернет.

„Тоа се случува кога родителите не можат или не сакаат да ја повлечат границата“, коментира еден корисник на социјалните мрежи.

ТВ водителот Бил Спадија напиша: „Што прават овие возрасни кукавици на цела генерација деца? Кога ќе ги сметаме директорите на училиштата одговорни за ова лудило?“.

Водител на подкаст, Мајк Бери, ги исмеа фотографиите на Твитер: „Има многу идиоти“.

Други, пак, ја нарекоа сцената злоупотреба на деца финансирано од даночните обврзници и лудило, прашувајќи се дали е воопшто потребно да се отворат училишта ако се потребни толку драстични безбедносни мерки.

„Ве молиме веднаш престанете со оваа злоупотреба на деца! Америка, запрете ги овие глупости!“, протестирала републиканската конгресменка од Џорџија, Марџори Тејлор Грин.

Сепак, некои Американци го поддржаа затворањето на децата од групата во шатори.

„Јас ги поздравувам нивните напори да ги задржат своите стандарди и нивните напори да останат безбедни. Иако може да изгледа смешно, овие деца не би го сториле тоа ако не сакаат“, реагираше еден корисник на Интернет.

Повторното отворање на училиштата во САД поради пандемијата на коронавирусот варира од држава до држава, потсетува РТ.

 

Слични содржини