Невил: Венгер ги изгради најдобрите тимови против кои сум играл во Англија

од Vladimir Zorba

Поранешниот англиски репрезентативец, Гери Невил ја прокоментираше разделбата помеѓу Арсен Венгер и Арсенал.

Францускиот специјалист објави денеска дека ова ќе се случи по крајот на сезоната

– Арсен Венгер ги изгради најдобрите тимови против кои сум играл во Англија. Во 1998 година неговиот тим беше неверојатен. Најголемиот комплимент е дека тимовите му играа фудбал, кој не натера да ја смениме нашата игра. Венгер го заслужува најневеројатнoтo испраќање, напиша Невил во Твитер.

Гери Невил долги години играше за Манчестер Јунајтед.

Арсен Венгер го предводеше Арсенал од 1996 година. Под негово водство „топџиите“ ја освоија 3 пати Премиер лигата и 7 пати ФА Купот.

Оваа сезона имаат добра шанса да ја освојат и Лига Европа, каде се во полуфиналето и играат против Атлетико Мадрид.

Слични содржини