Невладината „Фронт 21/42“ ги скара власта и опозицијата на расправата за Охрид

од Aleksandar Todeski

Нвладината организација Фронт 21/42 ги скара паратениците од власта и опозицијата, дали за нивното недобивање информации од јавен карактер треба да се расправа или не на собраниска комисија. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков обвини дека СДСМ не сака да излезе заклучокот за Охрид поврзан со УНЕСКО, додека пак пратеничката од СДСМ и коалицијата, Никица Корубин вели дека тие не ја попречуваат работата на Собранието.

„СДСМ не им одговара заклучокот што неминовно ќе излезе од комисијата, за Охрид и УНЕСКО. Освен тоа, на Фронт 21/42 им е оневозможено информации од јавен карактер. Собранието не може да помогне . Ги прашуваме дали само тоа што и одговара на власта е од јавен карактер. Преку оваа комисија, си го покажаа вистинското лице“, рече Димков.

Пратеничката од владејачката коалиција, Никица Корубин пак, одговори дека Сорбанието не може да расправа за тоа зошто невладината организација не добила информации од јавен карактер, бидејќи тоа не им е работа.

„Не постои причина зошто Фронт 21/42 треба да е ставен на дневен ред. Ги повикавме во секој момент да ја испитуваат работата на Владата, но треба да се свесни дека Собранието е различна власт од владата и дека Комисијата нема можности да расправа по ова прашање. Ние за тоа се произнесовме и на Комисијата“, рече Корубин.

А.Т.

Слични содржини