Невнимателното користење на антибиотици може да предизвика нова пандемија, тврдат од СЗО

од Nikola Popovski

Невнимателното внесување на антибиотици и антивирусни лекови поради пандемијата на Ковид-19, на крајот може да доведе до нова пандемија, што може да биде и многу полоша, изјавил претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ, на прес-конференција во пресрет на Светскиот ден во борбата против СИДА.

„Тоа е многу важно прашање, антивирусни лекови и антибиотици. Ако не пиеме внимателно антибиотици, бидејќи тие треба да се користат само кога ќе ги препише лекар, додека сите лекари треба да бидат многу внимателни во проценката дали се потребни или не, може да се соочиме со уште полоша пандемија по коронавирусот“, соопштила таа, пренесува ТАС С.

Таа додала дека станува збор за пандемија на микроорганизми отпорни на антибиотици и антивирусни лекови.

Затоа, вели Вујновиќ, од витално значење е да разбереме дека коронавирусот ни дава поттик да ги преиспитаме нашите ставови за заразни болести и од гледна точка на лекарите и од гледна точка на општеството.

Слични содржини