Невнимателното внесување на антибиотици може да предизвика нова пандемија

од Stefanija Kuzmanovska

Невнимателното внесување на антибиотици и антивирусни лекови поради пандемијата на коронавирусот, на крајот може да доведе до нова пандемија, што може да биде и многу полоша, изјави претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ, на прес-конференција во пресрет на Светскиот ден на борбата против сидата.

„Тоа е многу важно прашање, антивирусни лекови и антибиотици. Ако не ги земаме внимателно антибиотиците, бидејќи тие треба да се користат само кога ќе ги препише лекар, додека сите лекари треба да бидат многу внимателни во проценката дали се потребни или не, може да се соочиме со уште полоша пандемија по коронавирусот“, истакна Вујновиќ, објави ТАС С.

Таа додаде дека станува збор за пандемија на микроорганизми отпорни на антибиотици и антивирусни лекови.

Затоа, порача таа, од витално значење е да разбереме дека коронавирусот ни даде поттик да ги преиспитаме нашите ставови за заразните болести и од гледна точка на лекарите и од гледна точка на општеството.

Слични содржини