Невреме во Црна Гора: Паѓаа дрва во Подгорица, поплави во Херцег Нови (ФОТО/ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Поради невремето што ја зафати Подгорица, на повеќе локации во главниот град на Црна Гора паднаа стебла, објави „ЦдМ“.

„Поради силниот ветер и обилните врнежи паднаа поголеми гранки на повеќе локации во градот“, соопшти „Зеленило Подгорица“.

Од синоќа, како што велат, нивните екипи се на терен и работат на што побрзо санирање на последиците за да се обезбедат непречени услови за движење на пешаците и сообраќајот.

Бурниот ветер направи проблеми и во Цетиње – во Долно поле падна дрво кое при паѓање оштети далноводи, јавува РТВ „Цетиње“.

Поплави се случија во Херцег Нови поради обилните врнежи.

Во Црна Гора и денеска ќе биде претежно облачно, повремено ќе врне дожд, а на места ќе има врнежи и грмежи.

Слични содржини