Невреме во Франција, 140.000 домаќинства без струја

од Vladimir Zorba

Најмалку 140.000 домаќинства денеска останаа без струја откако силно невреме зафати делови на Франција, а многу патишта се блокирани поради искорнети и паднати дрвја.

Во прекин е и железничкиот сообраќај кон неколку правци.

Бурата Амела предизвика и поројни поплави на југоистокот од земјата.

Од еден камп се евакуирани 47 лица.

Ветерот достигна јачина од 160 километри на час.

Бурата се движи кон внатрешноста на земјата и нејзиниот интензитет се слабее, соопшти националната метеоролошка служба.

Слични содржини