НЕВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА: Град искрши стакла на автомобили

од Stefanija Kuzmanovska

Скоро од почетокот на овој месец, Италија е погодена од екстремни временски услови. Обилни врнежи од дожд и невреме ја погодија и денес Северна Италија, а автомобили уништени од силен град беа снимени на еден автопат.

На видеото се гледаат автомобили со искршени шофершајбни и патници кои стојат шокирани до уништените возила.

Обилни дождови ја погодија и Италија овој месец, а службите за итни случаи во градот Палермо и другите делови на Сицилија добија стотици повици за интервенции поради поплавите и штетите од водата.

Слични содржини