Невреме во Охрид, откорнат покрив од зграда

од Nikola Popovski

Попладнево силно невреме го зафати Охрид. Дел од покривна конструкција од зграда на улицата „Галичица“ паднал на паркинг и според жителите оштетил еден автомобил, е само дел од материјалната штета што ги предизвика силниот ветер.

На терен на ова место излегле и екипи на противпожарната слуба и на јавното претпријатие „Комуналец“.

Во текот на денот, на езерото се подигнале големи бранови, кои според локалните медиуми, предизвикале помала штета во куќите покрај брегот во стариот дел од Охрид.

Од силниот ветер паднала и бандера на улицата „Ристо Чадо“ и дрва во близина на Општата болница и над Свети Јован Канео.

Слични содржини