Невреме во Охрид, откорнати неколку дрвја (ФОТО)

од Nikola Popovski

Кратко невреме со силен дожд и ветер го зафати попладнево Охрид, при што довело до паѓање на неколку дрвја во градот.

Од ЈП „Охридски комуналец“ соопштија дека го расчистуваат влезот на Центарот за кардиваскуларни заболувања во градот.

-Четири големи зимзелени дрвја се откорнати од невремето што го зафати градот и паднати врз автомобил и влезот на болницата. Во моментов се расчистува и паднато дрво на 7ми ноември, информираа од „Охридски комуналец“.

Слични содржини