Невреме во Прилеп, Долнени и Кривогаштани – најкритично во с. Лажани

од Берта Китинска

Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени и тоа: Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, информираат од Центарот за управување со кризи.

-За состојбата со поплавите запознаен е и Градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС немаат побарано помош, велат од ЦУК.

Слични содржини