Невреме во Скопје, се урнаа дрвја во Центар (ФОТО)

од Nikola Popovski

Невреме проследено со силен ветер и дожд попладнево го зафати Скопје и околината, при што се урнаа дрвја пред Олимпискиот базен во центарот на градот.

Покрај Скопје, силни ветрови и дождови има и во уште неколку градови во земјава.

Како што информираат од УХМР, во текот на попладневните и вечерните часови, ќе продолжи врнежливото време.

 

Од таму додаваат дека до сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Фото: Локално

Слични содржини