Незапирливиот Надал шампион на турнирот во Акапулко

од Vladimir Zorba

Рафаел Надал ја продолжи серијата победи во 2022 година.

Освојувачот на 21. Гренд слем трофеј триумфираше по четврти пат во кариерата на турнирот во Акапулко, по победата над Камерон Нори со 6:4, 6:4.

Тоа беше и негова 91 титула во кариерата, а му недостигаат уште само три за на третото место на листата на играчи со најмногу професионални титули да се изедначи со Иван Лендл.

Надал продолжи со брилијантниот низок скор од почетокот на сезоната, ова беше негова 15-та последователна победа, го има најдобриот старт на сезоната во кариерата.

Годинава нема пораз и по подготвителниот турнир во Мелбурн и Австралија опен го освои трофејот и во Мексико.

Натпреварот се одигра по многу топло и спарно време и траеше 115 минути.

За триумфот во Акапулко покрај 500 поени доби и награда од 314.455 долари, додека Нори освои 300 поени и чек од 169.500 долари.

Слични содржини