Незири: Mожно е ДУИ да издејствува премиер со ротација, Ахмети нема да се откаже од таа симболика

од Берта Китинска

„Сметам  дека ДУИ повеќе би претпочитал коалиција со СДСМ наместо со другите партии. Суетите, конфликтот меѓу Заев и Ахмети премина на лична основа, можеби ќе се договорат ниту Зибери, ниту Заев, туку може да се договарат за некој трет“,  изјави во гостувањето во „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“ Џелал Незири, СКУП.

„Веројатно ДУИ може да оди со ултиматум до крај па ако не биде Зибери да не биде ниту Заев. Ако СДСМ и ДУИ не успеат да создадат влада, тогаш веројатно мандатот ќе премине на втората партија. Дали ВМРО и ДУИ би успеале, дали ВМРО ќе може со другите албански партии плус Левица и ДПА да се договори…ќе видиме. Ќе има многу преговарање, затоа велам целиот процес ќе трае подолго“, вели Незири.

Тој смета дека не се исклучува можноста не само со ВМРО туку и со СДСМ, ДУИ да издејствува макар и една година премиер со ротација, односно три години да биде од СДСМ, па една од ДУИ или со ВМРО

„Не се исклучува можноста не само со ВМРО туку и со СДСМ, ДУИ да издејствува макар и една година премиер со ротација, односно три години да биде од СДСМ, па една од ДУИ или со ВМРО. Не се откажува Ахмети од таа симболика. Така што сите можни решенија и договори се на маса, а дали на крај ќе испадне дека ниту СДСМ ниту ВМРО нема да можат да состават влада па Зибери да го однесе мандато. И тоа е една варијанта, но не верувам дека е возможно. Сепак мислам дека и во овој процес не успеат да се дговорат клучните играчи, ни следува политичка криза на сред здравствена, што не е добро за државата, така што мислам дека меѓународниот фактор може да има клучна улога“, вели Незири.

Слични содржини