Незири: Зелената агенда на ДУИ не е само пи-ар, очекувам кадровски промени во партијата

од Nikola Popovski

„Не верувам дека е само ПР, туку една кауза, која ќе биде главна тема во наредниот период“, смета политичкиот аналитичар Џелал Незири во изјава за „Утрински брифинг“, коментирајќи ја новата зелена агенда на ДУИ.

Според него, кога се промовира една нова политика, ви требаат луѓе кои веруваат во таа идеја.

„Не може истите луѓе кои го правеа спротивното, сега да работат за заштита на природата и екологијата. Со оваа нова политичка идеја на ДУИ ќе биде неминовно партијата да се реформира. Карактеристиките на зелените партии се дека се отворени кој социјалните групи и движења за заштитата на животната средна. Очекувам дека во ДУИ ќе дојде до екипирање“, вели Незири, додавајќи дека ребрендирањето е вовед во посуштинска предизборна коалиција со СДСМ.

„Очекувам полесен договор меѓу двете партии“, истакна аналитичарот.

Одлуката на ДУИ за новата политика на паријата беше соопштена во саботата, по повод 19 годишнината од основањето на партијата.

Слични содржини