Ни пари, ни неверство: Ова се најголемите проблеми во модерните врски

од desk2

Се чини дека денеска луѓето се потешко го одржуваат здравјето и нормалните врски… Ако мислите дека причина за тоа се неверството или парите, се лажете…

Иако бројни истражувања тврдат дека токму парите и неверството се главни причини за пукање на многу врски, се чинии дека статистиката не ја зборува целата вистина.

Време е конечно да ја дознаете вистината, а добрата вест е што на овие проблеми може да се работи.

Лоша комуникација

Кога не се слушате еден со друг, туку меѓусебно се обвинувате и проблемите никогаш не ги решавате до крај. Мислите дека партнерот може да ви ги чита мислите и дека во кавга некој мора да излезе како победник. Престанете со овие лоши навики и пронајдете компромис затоа што само така ќе успеете да ја сочувате врската.

Лоша забава
Ако мислите дека под заедничко време се подразбира кога двајцата лежите на кревет и секој се забавува со својот лап топ, таблет или паметен телефон, тоа не се смета. Сетете се на забавните работи кои порано ги правевте заедни и повторете ги.

Немање време
Двојките мора да најдат време за себе, иако тоа понекогаш е тешко изводливо од бројните обврски кои ги имаме во текот на денот. Вечерајте заедни, ако веќе не стигате да ручате заедни, вежбајте заедни, прошетајте, излезете со пријателите. Доколку скаате да опстанете заедно мора да имате некои ваши мали ритуали кои ги правите заедно.

Нереални очекувања

Често на жените им се замерува што имаат високи стандарди кога мажите се во прашање. Едно е сигурно, сите мораме да сфатиме дека никој не е совршен. Партнерот може да се промени за вас, но не може потполно. Мора да научиме да го прифатиме таков каков што е, со сите негови доблести и маани, а треба да бидеме свесни дека и сами имаме маани кои другата страна треба да ги толерира.

Слични содржини