Ни треба помирување и обединување, а не поделба, порача Груби од Чаир

од Vladimir Zorba

Овде сме вечерва затоа што ни треба помирување и обединување, а не поделба. Раката ми останува подадена, затоа што немам огорченост или лутина, научени сме да бидеме заедно затоа што така ни налага времето и овој е вистинскиот момент. Сите заедно ги трасираме патиштата на ДУИ за интересите на нацијата, а не на поединецот, затоа што ДУИ е на сите, а не на неколкумина. Само слабите се плашат од конкуренција. Ништо не започнало и нема да заврши ниту со мене, ниту со некој друг, рече Вицепремиерот Артан Груби на собирот на партијата во Чаир.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вечерашниот митинг во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир посочи дека во последно време некои се лутат, но кај него нема враќање назад и дека ги почитува одлуките на мнозинството од партиските тела, но не може да излезе „од патот трасиран со крв и вредности“.

– Нашата мисија започна за обединување, да им го дадеме на Албанците тоа што историски го заслужиле, слобода, правда, еднаквост. Јас, Талат Џафери и сите како нас, мора да работиме да го трасираме овој пат и да го направиме просперитетен за новите генерации бидејќи времињата се сменија. Денес се бара образование, квалитет и експерти, па јас сум многу горд на тимот што го има ДУИ во Владата, а оваа гордост се зголемува кога добивам комплименти од меѓународни претставници за тоа колку е добар нашиот имиџ, рече Ахмети.

Слични содржини