Ние не објавуваме приватни разговори, а кога се снимало ДУИ беше ВЛАСТ!

од desk4

Кога СДСМ објавуваше бомби внимаваме да нема приватни разговори. Ние предадовме се што имавме како снимени материјали и смс пораки транскрибирани,  се што имавме дадовме во СЈО. Да тогаш кога се снимало  ДУИ беше во власта, и имало снимени разговори и за нив.

Но најмногу 70 посто  од прислушуваните разговори беа  за опзозиција а многу помал дел  за власта.  Јас ги селектирав, можеби сум тргнал некои муабети Груевски- Ахмети, ама тоа биле приватни разговори и најмногу внимававме на тоа.

Она што сега  се објавува ,тоа што некој лик објавува од Америка , е само доказ дека тоа и не бил целиот снимен материјал ,кој бил сниман во тоа време. Значи имало уште од нарачателите, затоа ние ќе побараме и од Америка каде што тој се наоѓа да биде уапсен,  затоа што тоа што тој тоа го прави со приватни објави, тоа  не е законски, изјави вечерва за Тв Клан Македонија  премиерот Зоран Заев.

Слични содржини