„Ние сме тим Џони“: Повеќе од 100 Американци кампуваа пред судот за да го поддржат Деп (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од стотина луѓе, меѓу кои и многу обожаватели на Џони Деп и некои од странство, кампуваа пред Окружниот суд во Вирџинија во средата вечерта со надеж дека ќе присуствуваат на судењето за клевета на актерот против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

„Тука сме синоќа од 20:30 часот“, рече Габриел, обожавателка на Деп која дошла од Северна Каролина. Останатите групи, кои ги подготвија вреќите за спиење, пристигнаа речиси во исто време.

Деп ја тужи Херд за 50 милиони долари поради написот од 2018 година во која тврди дека била жртва на семејно насилство.

Името на актерот од „Пиратите од Карибите“ не се споменува во текстот, но неговите адвокати тврдеа дека се уште е можно да се идентификува и дека обвинувањата му ја уништиле кариерата во Холивуд.

Луѓето кои стоеја во редот пред судот се надеваа дека ќе добијат едно од 100-те места во главната судница. Речиси сите што зборуваа за странските медиуми изјавија дека се таму за да го поддржат Деп, кој негираше дека физички ја малтретирал Херд.

„Ние сме тим Џони“, рече една жена која беше во групата и чекаше на ред од 3 часот наутро.

Слично се чувствувала и Софија, која стоела до своето куче покриено со натпис „Правда за Џони Деп“.

Други, исто така, сметаа дека тоа е важно судење кое го нагласува семејното насилство врз мажите.

Слични содржини