Ниеден аптекар нема да ви признае: Ова е единствениот вистински лек за коските!

од desk2

Помага и кај заболувањата на штитната жлезда, гастритис, чир и за прочистување на крвта

Калциумот има многу важни функции во организмот. Освен што создава коскена маса и спречува остеопороза, калциумот ја нормализира работата на нервите и мускулите, го регулира срцебиењето и го подобрува сонот.

Исто така, важен е за работата на клетките на имунолошкиот систем, како и за здрава кожа и коса

Постојат многу фактори што го трошат калциумот од организмот, а тоа се предолгото седење, кафето, алкохолот и газираните пијалаци.

Трудниците, жените во менопауза, повозрасните мажи и личностите кои страдаат од дигестивни нарушувања се изложени на поголем ризик од недостиг од калциум.

Лушпите од јајце содржат 90% калциум и се најдобар природен извор на тој минерал. Телото лесно го апсорбира, бидејќи лушпата од јајце по хемискиот состав е речиси идентична на човечките коски и заби.

Во поголеми дози, не само што ги лечи симптомите на недостиг на калциум и го сопира развојот на остеопороза, туку и помага за намалување на високиот холестерол и повишениот притисок, а ја поттикнува и коскената срцевина на производство крвни клетки.

Освен тоа,, лушпата од јајце содржи железо, бакар, манган, цинк, флуор, фосфор, хром и молибден. Поради тоа, многу експерти ја препорачуваат мелената лушпа од јајце како ефективен додаток на калциум. Во зависност од возраста, препорачаната дневна доза е 1,5 до 3 грама мелена лушпа од јајце.

Како лушпите од јајце се применуваат за лекување различни состојби:

Штитна жлезда
Земете лушпи од осум јајца, добро измијте ги, исушете ги, здробете ги, прелијте си сок од два лимона и оставете ги во фрижидер неколку дена. Кога лушпите ќе се стопат, исцедете ја течноста и измешајте ги со литар ракија и килограм мед. Оставете ги да отстојат седум дена пред употреба. Консумирајте по една лажица, два до четири пати дневно по секое јадење.

Гастритис, чир
Измешајте лажица мелени лушпи од јајце со лажица шеќер и лажица мелено мускатно оревче. Земајте од оваа смеса 20 дена, три пати дневно по една лажица.

Измешајте прстофат мелени лушпи од јајца со две лажици лимонов сок. Кога лушпите ќе се стопат во сокот, додајте децилитар топло млеко. Земајте од смесата два пати дневно, наутро на празен желудник и навечер пред спиење.

За јакнење на организмот и прочистување на крвта
Добро измијте лушпи од четири или пет јајца, здробете ги и ставете ги во три литри вода. Чувајте ја водата со лушпите во фрижидер една недела и користете ја како вода за пиење. Пијте две до три чаши вода дневно со малку лимонов сок.

Слични содржини