Нигеријците го шокираа „Дрим тимот“ на САД: Прекината серијата од 39 победи

од Nikola Popovski

Кошаркарите на Нигерија ги совладаа САД со резултат 90:87 на пријателски натпревар пред Олимписките игри.

Нигеријците, предводени на клупата од асистентот во Голден Стејт Вориорс Мајк Браун, постигнаа дури 20 тројки.

Кошаркарот на Мајами, Гејб Винсент постигна 21 поен, а Калеб Агада (кој настапува во Израел и ќе игра за Денвер Нагетс во Летната лига) додаде 17 поени.

САД ги предводеше Кевин Дурент со 17 поени, но и 4/13 од играта.

Џејсон Тејтум додаде 15, а Лилард 14 поени.

Во последните три олимписки циклуси, селекцијата на САД (вклучувајќи ги и пријателските натпревари) имаше резултат 39-0, а од 1992 година, од настапуваа професионалците, загубиле само двапати.

Кога станува збор за натпреварите со Нигерија, тие играа на Олимписките игри во Лондон и на пријателски натпревар пред претходните игри во Рио. Вкупната разлика на тие два меча беше 127 поени во корист на САД.

Слични содржини