Нигериски сенатор и неговата сопруга планирале да ги извадат органите на 15-годишно момче

од Stefanija Kuzmanovska

Нигерискиот сенатор и неговата сопруга беа приведени во четвртокот во Лондон и обвинети дека планирале да донесат 15-годишно момче во Велика Британија за да му ги отстранат органите, соопшти полицијата.

„Ајк Екверемаду и Беатрис Нванек Екверемаду се обвинети за заговор за организирање патување на друго лице со цел експлоатација, односно вадење органи“, соопшти полицијата.

Екверемаду е опозициски сенатор во јужната држава Енугу, а исто така поранешен заменик претседател на Сенатот.

Полицијата соопшти дека била предупредена за наводниот план по извештаите за можни прекршувања според Законот за модерно ропство. Вклученото дете е однесено на безбедно и се работи на тоа да му биде обезбедена дополнителна поддршка.

Двојката се појавила пред судот за прекршоци во Аксбриџ, Лондон, каде на судот било наведено дека вмешаното дете е 15-годишно момче, пренесува Си-Ен-Ен.

Обвинителството пред судот изјави дека е потребна согласност од јавниот обвинител за продолжување на случајот околу прашањето за јурисдикцијата, а парот е задржан во притвор до нивното следно судење на 7 јули.

Слични содржини