Нико Ковач низ солзи зборуваше за смртта на Крањчар: „Не ми е лесно…“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на Монако, Нико Ковач се расплака на прес-конференцијата пред гостувањето на неговиот Монако во Стразбур. Причината беше прашање за смртта на Златко Крањчар, неговиот поранешен тренер.

Легендарниот напаѓач на Динамо и селектор на хрватската репрезентација почина на 65-годишна возраст од последиците од коронавирус.

„Тажен сум, тој беше мојот тренер“, едвај изговори Ковач на прашањето за Крањчар.

Почна да плаче, а кога малку се прибра се прости од човекот кој му ја укажа најголемата чест. Имено, Нико Ковач беше капитен на хрватската репрезентација долги години, а токму Крањчар му ја довери капитенската лента.

„Извинете… Не ми е лесно бидејќи заедно поминавме прекрасни моменти. Златко беше пред сè прекрасна личност, секогаш весела личност и тренер од кого научив многу. Ми ја довери капитенската лента во националниот тим, така што тој е особено важна личност за мене. Сите сме многу тажни поради неговата смрт. Нека почива во мир“, рече Ковач.

Крањчар беше тренер на Ковач две години, но тие очигледно создадоа особено силна врска за тоа време.

Слични содржини