„Никогаш не изгледала поубаво“: Кејт Мидлтон воодушеви со својот стајлинг на турнејата во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон се придружија на толпата од над 20.000 фанови да им дадат поддршка на Бостон Селтикс на кошаркарски натпревар. Имено, кралската двојка моментално е на американска турнеја, а дел од планираните активности беше и посета на стадионот „ТД Гарден“.

За оваа пригода, сопружниците беа стилски феноменално усогласени. И двајцата се одлучија за тегет и сини нијанси. А судејќи по сликите, тие не ја симнаа насмевката од лицето и одлично се забавуваа, а не обрнуваа ни внимание на некои свирежи во салата кога најавувачот ги претстави и ги покажа на големиот екран.

Се нижат коментари дека Кејт никогаш не изгледала поубаво.

Кејт блескаше во тегет сако кое веќе подолго време е хит, а и самата досега неколку пати го носеше. Модел со ваков крој одлично ги истакнува струкот и рамената, а витката линија на принцезата уште повеќе доаѓа до израз. Бидејќи сакото има детали во црна нијанса, таа го спои со панталони и салонки во иста боја. Целиот изглед го заокружи со меки бранови и шминка, по што е позната.

Од друга страна, принцот Вилијам се одлучи за спортска елеганција, но во слични бои кои ги носи неговата сопруга. Тој се појави во безвременски темно син костум и кафени чевли, кои му дадоа посебна нота на целиот аутфит.

Слични содржини