Никогаш не легнувајте во креветот во облеката што сте ја носеле преку ден

од Vladimir Zorba

Дали знаете што има на вашите панталони и маици откако сте го поминале денот надвор од куќата? Само затоа што сте се туширале наутро, не значи дека облеката што ја носевте во такси, автобус или на работа е чиста. Ако имате навика да легнете во иста облека, многу грешите. Еве зошто.

Правилната хигиена е многу важна за целокупното здравје, но без оглед на тоа, гардеробата, особено долната, мора често да се менува. Човечкото тело произведува нечистотија – и тоа многу . Постои стара, мртва кожа која се наоѓа низ целото тело, и до 500 милиони од овие клетки се произведуваат за еден ден. Да не зборуваме и за литар пот…

Бактериите и организмите можат да преживеат со недели, но и месеци со облека, открива Филип Тиерно, директор на Центарот за микробиологија во Њујорк, кој откри и дека новата облека може да биде полна со бактерии, вируси и бацили. Значи, исперете ја новата гардероба пред да ја облечете, но и маичката откако сте ја носеле осум часа.

Dermascope.com објаснува дека некои ткаенини можат да предизвикаат иритација на кожата, а оние што се јавуваат на грбот и градите често се резултат на постојана адхезија на материјалот на кожата. Колку се повалкани, толку е поголема шансата да се развие иритација…

Слични содржини