Никогаш нема да погодите кој актер имал КАТАСТРОФАЛНА аудиција за „Беше еднаш во Холивуд“

од Elena Daskalova

Дури и по бројните номинации за Оскар, „Беше еднаш во Холивуд“ има свои обожаватели и свои дежурни мразачи. Но, она што никој не го одрекува е дека филмот навистина привлече многу внимание.

Квентин Тарантино отсекогаш може да се пофали дека внимава на кастингот и дека актерите ја вршат својата работа повеќе од одлично. Истото важи и за сите актери кои беа дел од неговото последно остварување, а Бред Пит дури и се закити со Оскар за Најдобра споредна улога.

Но, еден популарен актер целосно ја уништил сопствената аудиција. Се работи за Меколи Калкин, ѕвездата на „Сам дома“. Тој денеска има 39 години и признава дека да бил на местото на Тарантино, ни самиот немало да се вработи за улогата.

„Општо сум ужасен на аудиции, а и ова ми беше прв кастинг во последниве осум години“, признал тој.

Калкин не открил за која улога бил на аудиција, но се шпекулира дека требало да биде еден од следбениците на Менсон. Пред неколку години, открил Калкин, одбил гостинска улога во серијата „The Big Bang Theory“.

Слични содржини