Никој не ја сака криптовалутата на Фејсбук

од desk2

Гласно најавуваната крипто валута на Фејсбук е на пат да пропадне и пред заживувањето.

Криптовалутата на Фејсбук, наречена либра би можела да пропадне пред истата да биде лансирана, откако четири глобални финансиски фирми започнаа да размислуваат за повлекување од проектот, објави Вол Стрит Џурнал.

Иако првичните планови требаше да бидат меѓу понудувачите на либра, Visa, Mastercard, PayPal и Stripe, тие наводно, изразиле воздржаност против плановите на Facebook, поради загриженост дека учеството би можело да ги наруши нивните позитивни односи со финансиските регулатори во одредени држави, кои веќе изразија неодобрување.

Извршните директори на четирите големи компании заклучија дека „Фејсбук“ над-оптимистички им претставил подготвеност на регулаторите да го прифатат нивниот проект и се загрижени за впечатокот дека оваа социјална мрежа не се однесува одговорно во други области, како што е заштита на податоците на корисниците и нивната приватност.

Здружението Либра деновиве ги повика сите 28 потенцијални основачи да го потврдат нивниот интерес. Сите учесници имаат потпишано само необврзувачки писма за намери, а никој сè уште не ја платил договорената почетна инвестиција од 10 милиони американски долари.

Од најавата за започнување на Либра во јуни оваа година, неколку влади и финансиски регулатори изразија сериозна загриженост за проектот.

Слични содржини