„НИКОЈ НЕ НОСИ МАСИ“ Остра реакција на Гвардиола на неодговорното однесување на навивачите

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е прилично лут поради неодговорното однесување на поединци.

Имено, на шпанскиот стручњак прилично му пречи тоа што навивачите не носат заштитни маски на натпреварите и не му е јасно зошто е сменето ова правило.

Во Премиер лигата коронавирусот во последно време им прави многу проблеми на сите екипи, а поради зголемениот број на заболени, голем број натпревари се одложени.

– Не би сакал повторно да играм пред празни трибини. Многу е поинаку да се игра кога има навивачи, но има се повеќе заразени во светот и тоа не само меѓу фудбалерите. Луѓето на стадионот можат меѓусебно да се загрозуваат бидејќи носењето маска не е задолжително, започна Гвардиола и додаде:

– Тоа ме изненадува. Излегувате надвор, одите во трговскиот центар, каде што луѓето купуваат подароци за своите семејства, а никој не носи маска. А од самиот почеток на пандемијата, лекарите нагласуваат дека најдобра заштита е да се носи маска и да се дезинфицираат рацете. Треба да се вратиме на држење на дистанца и носење маски. Така ќе имаме отворени ресторани, клубови, ќе гледаме фудбал. Не ни требаат нови забрани.

Слични содржини