Никој не се обиде да го убие Мицкоски, тој изврши политичко самоубиство, вели Забрчанец

од Берта Китинска

„Очигледно никој не сакал да го убие Мицко, туку станува збор за негов нов тежок политички фејл и за негово политичко самоубиство од заседа во обидот да предизвикаат меѓуетнички инцидент, напиша на Фејсбук владиниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец.

„Нов фејл за пироманите Мицко и Димче. Си измонтираа тепачка меѓу себе со луѓе од нивниот коалиционен партнер Алијанса. За потсетување, Мицко објави опозициска коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса. Денешниов наводен wannabi убиец на Мицко да ти бил брат на функционер на Алијанса кој трчаше за кампањата на Данела за Град Скопје. Димче и Мицко се сликаа на иста маса со Таравари од Села во неуспешниот обид за ново мнозинство во Собранието“, напиша Забрчанец.

Слични содржини