Никој од европските функционери не го откажа доаѓањето на Европрајд

од Stefanija Kuzmanovska

Никој од европските функционери кои го најавија пристигнувањето на Европрајд не откажа, сите доаѓаат на прошетката, изјави за „Данас“ Горан Милетиќ, организатор на Европрајд.

Според него, синоќа во Белград допатувал известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик.

Како што претходно беше најавено, на списокот на организаторите се 60 лица од странски организации и политичари. Меѓу нив се комесарката за еднаквост на ЕУ Хелена Дејли, потоа 15 пратеници во Европскиот парламент, заменик-претседателката на белгиската влада Петра де Сутер, комесарот за човекови права на Советот на Европа, членови на националните парламенти на неколку земји. Претседателката на Сенатот на Кралството Белгија, Стефани Дозе, Свен Леман, германскиот комесар за ЛГБТ+ прашања, Фабрицио Петри, специјален пратеник на Италија за родов идентитет, Џек Патрик Луис, член на Претставничкиот дом на Масачусетс од редовите на американските демократи, како и бројни претставници од невладиниот сектор.

Да потсетиме, српското МВР два пати објави дека не е дозволена прошетка за време на Европрајдот, а Обвинителството најави поднесување кривични и прекршочни пријави за оние кои ќе шетаат и покрај забраната.

Управниот суд на Србија утрово ја отфрли тужбата на организаторите на Европрајд во врска со забраната за прошетка во рамките на оваа манифестација.

Слични содржини