Обожавателите на познатата актерка Никол Кидман беа непријатно изненадени кога видоа серија нејзини нови фотографии кои таа ги направи за изданието на магазинот „Vanty Fair“. На социјалните мрежи немаше коментари, со критики за прекумерната употреба на фотошоп.
„Го претставуваме нашето 28 годишно издание за Холивуд, каде Никол Кидман е номинирана за Оскар. Таа е ѕвезда на филмот „Being the Ricardos“, во кој глуми со Хавиер Бардем и која ги држи клучевите на Холивуд со години, и нејзината последна улога, Луси Бол и ја донесе петтата номинација за Оскар“.
На филмската сцена е повеќе од 40 години, но и во ТВ проекти.
„Целиот мој живот е заснован на скромноста“, истакна актерката.
На насловната страна на магазинот актерката е облечена во училишна униформа, но со многу фотошоп, па се изгледа неприродно.
„Што е ова? Никол секогаш изгледа одлично, но овде изгледа смешно. На фотографиите не е елегантна како и обично“, „Има совршено тело, а тоа не е нејзиното тело“, „Изгледа морничаво“, велат обожавателите на актерка.
Стилот е ужасен, порачуваат исто така дел од фановите на социјалните мрежи.