Никол Кидман за оваа улога доби Оскар, ја играла додека била во депресија

од Stefanija Kuzmanovska
388 прегледи

Во 2002 година, актерката Никол Кидман доби Оскар за нејзината одлична одиграна улога на писателката Вирџинија Вулф во филмот „Часови“.

Во таа прилика таа верно ја прикажа борбата на писателката со депресијата и менталните проблеми додека го пишувала романот „Госпоѓа Даловеј“, како и нејзиното самоубиство во 1941 година.

Сцената на самоубиството Никол ја снимила без каскадерка, на тој начин што ги наполнила џебовите со камења и влегувала во реката, а како што кажала, кога ја прифатила оваа улога и самата била во растројство.

Имено, таа во 2001 година се разведе од актерот Том Круз, поради што и самата била во депресија.

Таа нагласи и дека самата инсистирала сцената на самоубиството да се снима без двојник.

„Не знам дали некогаш помислив дека тоа е опасно, верувам дека целосно бев во својот лик. Ставив камења во џебовите и влегов во реката. И така повторно и повторно. Веројатно не ни помислив дека тоа може да биде ризично“, рече таа за „Дејли мејл“.

„Значи, идеите, мислите на Вирџинија течеа низ мене, токму во моментот кога бев целосно отворена за такви мисли. И мислам дека Стивен (Далдри, режисерот на филмот) беше многу нежен со мене бидејќи го знаеше тоа. Бев целосно отворена да можам да го разберам ликот што го толкувам, но во суштина тоа е убавината на актерскиот живот“, истакна таа за споменатиот медиум.

Слични содржини