Никол Шерцингер и Том Еванс се појавија официјално како пар во јавноста (ФОТО)

од Elena Daskalova

Со месеци се зборуваше за наводната романса меѓу поп-пејачката Никол Шерцингер и Том Еванс, а сега за тоа има и официјална потврда.

никол шерцингер

На доделувањето на Златните глобуси, Никол и Том заедно се појавија на црвениот тепих, а потоа и на забавата што ја организираше магазинот ИнСтајл со поддршка од Ворнер Брос. Никол има 41 година, а Том е 7 години помлад од неа.

Со ова, ги потврдија гласините дека се во врска, откако првпат беа забележани заедно околу Денот на благодарноста.

Претходно, Никол беше во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а на тоа претходеше долга врска со Ф1 возачот, Луис Хамилтон.

Слични содржини