Николоски: Барањето за промена на Устав не е последно, туку почеток на низа барања на Бугарија

од Vladimir Zorba

Крајно понижувачки е за Македонија да треба да менува историја или со сила да ги тера луѓето да сменат национално определување само затоа што некој тоа го побарал, а очигледно е дека и во следниот период ќе има такви работи. Барањето за промена на Уставот која ја слушнавме сега не е крај туку почетокот на реализација на вакви барања, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Комисијата за европски прашања.

-Точно е дека постојат и други држави кои што разговараат за историјата но ни една друга држава не била условена со промена на сопствената историја со цел да напредува во европските интеграции како што е условена Македонија, затоа што работата на историската комисија стана дел од преговарачката рамка преку условувањето на протоколите коишто оваа комисија треба да ги усвојува и да ги имплементира после тоа, а тоа практично значи да се прифаќа едноставно гледање на историјата, во спротивно државата нема да напредува, вели Николоски.

Слични содржини