Николоски: Денеска немаше инцидент пред Влада, но имаше провокатори

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека тоа што се случило вечерва пред Владата е „спонтан израз на незадоволство на народот“.

-Три дена по ред излегува огромна маса на народ, што скоро и да не се случило во историјата. Некои се поемотивни и го изразија на тој начин што го изразија. Ова што се случи вечерва треба да ја загрижи власта. Сепак вечерва немаше инцидент, бидејќи немаше никаков физички напад. Беше само изразување немир кај народот. Точно е дека имаше провокатори, ги има три вечери под ред, но 90 отсто од нив не ја вршат работата за која се пратени, туку се солидаризираат со демонстрантите, кажа Николоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и пратениците нема да гласаат за промена на Уставот на Македонија.

-Со тоа што нема да се промени, паѓа францускиот предлог и без нас нема две-третинско мнозинство, истакна Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Слични содржини