Николоски: Имаме влада без легимитет, нивните политики не може магично да се сменат

од Vladimir Zorba

Оваа влада на Ковачевски е континуитет на корумпираната влада на Заев која граѓаните ја казнија на избори, влада која донесе економско опустошување, континуирана ситуација на дневно поскапување, губење на работни места и економско тонење, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за избор на нова влада, при што додаде дека со оваа влада корупцијата цвета и воедно ни носи национално понижување.

– На неодамнешните избори јасно беше кажано од Заев дека се „all in“ и избори на кои се одлучува за легимитетот негов, неговата влада и партија и народот жестоко го казни. Ние сме денес овде затоа што поразена е секоја политика на Зоран Заев, ние сме овде затоа што народот жестоко ги порази националните понижување, жестоко ја порази корупцијата, неспособноста и економските потфрлувања. Затоа Зоран Зоран заминува, но немаше храброст да ја извади својата партија на соочување со народот за генералниот концепт по кој државата треба да се движи. Скоро и да нема пример да вака вештачки се бега од народот, рече Николоски.

Тој истакна дека соочување со народот е потребно, народот треба да каже дали се согласува со овие политики.

– Сега се соочуваме со најголемиот срам во историјата на постоењето на македонската демократија, а тоа е да се киднапира пратеник кој се појави после 5 дена. Денес имаме влада без легимитет, влада на стари ликови, на континуитет која не може да се покаже како нова, а клучните ресори ќе ги водат истите луѓе. Оваа влада не може да понуди нови политики. Нивните политики не може магично да се сменат. Затоа гледаме кавга во јавноста за префрлување на одговорност во однос на извесното национално предавство во односите со Бугарија, нагласи Николоски.

Слични содржини