Николоски: Ништо страшно не му се случило на Милошоски, тој не убил или ограбил некого (ВИДЕО)

Веста дека пратеникот Антонио Милошоски бил осуден за две дела во Ахен, Германија, пред да стане министер за надворешни работи во владата на Никола Груевски е дело кое може да му се случи секому, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој во вечерашното гостување на емисијата „360 степени“, праша зошто сега се објавува тоа.

„Теоретски, еве да веруваме на медиумот, не сакам ништо да негирам. Но, колку што прочитав се работи за дело кое е парична казна и може да му се случи на секого. Антонио ниту убил некого, ниту ограбил некого, ниту сторил тежок криминал. Интересното прашање е тука, зошто тоа се објавува дури после 20 години“,

вели Николоски, кој додаде дека деновиве поради обврски не се видел со Милошоски и не разговарале на оваа тема.

Слични содржини