Николоски: Одлуката за датум повторно ќе се префрли за средината на следната година

од Vladimir Zorba

Одлуката за датум повторно ќе се префрли за средината на следната година, како што лани се префрли за годинава па гледаме дека се одлага, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на дневкот на телевизија Алфа.

Според него, не е само Франција таа која блокира, туку тука се и неколку држави од ЕУ. Според Николоски, ниту Владата на премиерот Зоран Заев не дала аргумент овие држави да се залагаат за поддршка на Македонија.

– Напротив даде аргументи за да ја напаѓаат затоа што со афери како „Рекет“ и корупција која стига до највисоко ниво не може да очекувате да добиете датум за преговори, тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тука е и моментот, според него, што Македонија е ставена во иста група со Албанија.

– Ставањето на Македонија во група со Албанија, нешто на што ние преупредувме од април минатата година, е најлоша работа што може да и се случи на државава, рече Николоски.

Николоски апелираше и до политичките субјекти во Собранието да се здружат и да се изгласаат брзи предвремени избори, за што е потребен 61 пратеник.

– Потребни се брзи предвремени избори за барем во 2020 Македонија да започне преговори со ЕУ, зошто нема да се случи тоа годинава. Потребни се тие избори за да се одлепиме од групата со Албанија и потребни ни се за да ги залечиме последице од двата штетни Договори со Бугарија и Грција, потпишани од Заев, додаде Николоски.

Слични содржини