Николоски пред Атлантскиот Совет во Вашингтон: Економски развој на Македонија со помош на САД е клучен за иднината

од Берта Китинска

Денес во рамки на работната посета на Вашингтон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Антонио Милошоски учествуваа на конференција на Атлантскиот Совет на тема Иницијатива на трите мориња (Three seas initiative). Иницијативата на трите мориња е платформа поддржана директно од претседателот на САД Доналд Трамп. Иницијативата има за цел да ја зголеми соработката и дијалогот помеѓу државите на различни нивоа и области.

Потпретседателот Николоски се обрати на советот и ја потенцира важноста на американската стратешка одлука за иницијативата за три мориња која ги опфаќа државите Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Македонија, Бугарија, Грција, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Балтичките земји. Целта е заедничка на сите држави, а тоа е силна стратешка ориентација кон евроатлантската интеграција на регионот

Николоски подвлече дека блиска економска соработка на овие земји со силна поддршка од САД и претседателот Доналд Трамп е клучна. Само преку тесна соработка земјите од регионот ќе може да се развиваат и да станат членки на ЕУ. Покрај тоа Николоски истакна дека земјите соработуваат во рамки на НАТО. Иднината е низ соработка, разбирање и развој на економијата.

Покрај потпретседателот свое учество имаа претседателот на собранието на Црна Гора Иван Брајовиќ, амбасадорот Роберт Гелдбард, поранешниот министер за одбрана на Хрватска Анте Котромановиќ, претседателот на собранието на Србија Владимир Маринковиќ, Илир Мета претседателот на Албанија, поранешниот премиер на Словенија Алојз Петерле, поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија Цветан Цветанов, министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ, потпретседателот на програмата и стратегија на Атлантскиот Совет Дејмон Вилсон. Доктор Паул Сусман од Европската Комисија.

Активно учество зедоа и Генерал Џејмс Џонс – советник за национална безбедност на два американски претседатели и човек со големо влијание и искуство во НАТО.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ со својата работна посета на Вашингтон и активностите кои ги има во САД уште еднаш ја потврди својата стратешка определба и целта за побрз напредок кон патот на евроинтеграциите на Република Македонија.

Слични содржини