Николоски: Во вакви услови најдобро решение е електронски попис

од Nikola Popovski

Поради високиот број на заразени од коронавирус, немањето доволен број попишувачи и немањето капацитет на власта, предводена од СДСМ, сметаме дека пописот треба да се направи по електронски пат, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Според него, со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, ќе се спречи заразата да се шири, а ќе може точно да утврдиме колку има население во Македонија за да нема манипулации какви што власта сега сака да прави.

Иако, додава Николоски, огласите за попишувачи се објавуваа од страна на општинските организации на СДСМ, тие имаат толку скромно членство кое што веќе бега од нив, така што немаат капацитет дека го обезбедат потребниот број попишувачи за спроведување на пописот на населението.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, посочи дека  заводот е подготвен за почетокот на големата статистичка операција.

-Гарантираме дека до последна точка и запирка ќе ги почитуваме протоколите и дека нема да го загрозиме здравјето на ниту еден граѓанин, подвлече Симовски.

Тој напомена дека заклучно со денешниот ден во кој завршува огласот очекува попишувачи да има секаде, објаснувајќи дека сите ќе требаат да ги почитуваат протоколите без разлика дали се вакцинирани.

Огласот за попишувачи завршува денес. Поднесени се околу 8 000 апликации но останува неизвесно дали поради пандемијата сите ќе се појават на закажаната обука

Слични содржини