Николовски за 21ТВ: Заев треба да поднесе оставка и да одиме на избори

од Vladimir Zorba

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во емисијата 10 минути на ТВ21 изјави дека премиерот Заев треба да поднесе оставка, потоа да се формира техничка влада и според уставот и законите за 100 дена да се оди на предвремени парламентарни избори.

Како што вели тој, причината не е само ситуацијата со датумот за старт на преговорите со ЕУ, туку и поради неможноста да се спроведат реформите и како што тврди лошата економска состојба на граѓаните. Николовски вели дека очекуваат уште во понеделник Заев да поднесе оставка и да се формира техничка влада, по што би се одржале избори.

Слични содржини