Николов: Ако има тестирање меѓу оние кои заминаа викендов, би имале позитивни меѓу 4 и 8 илјади лица без симптоми

од Vladimir Zorba

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов гостуваше на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 каде се осврна на актуелната ситуација со корона вирусот.

Според него олабавувањето на мерките беше направено под влијание на политика, а со цел да се делат пакети како што рече „под превезот дека тоа е за социјално загрозени лица што резултира со голем број на новозаразени“.

Докторот укажа дека повторно се воведе дрканоска мерка за затворање на Скопје, а истата покажува дека власта е сосема дезориентирана.

„Зошто карантин за Скопје или евакуација беше тоа? Скопје го напуштија околу 20 илјади автомобили. Доколку епидемиолозите пресметаат претпоставувам по четири лица во автомобил, значи Скопје го напуштиле околу 80 илјади лица. Значи ако има тестирање меѓу нив би имале позитивни меѓу 4 и 8 илјади лица без симптоми кои се шетаат и го расејуваат вирусот. Би биле толку зошто во просек од тестираните имаме од 5 до 10 проценти новоинфицирани“, рече Николов.

Според него треба целосно да се смени стратегијата бидејќи актуелните политики не даваат резултат или има само на пи-ар од страна на министерот за здравство Венко Филипче.

Тој предложи да се направи визуелзиација на вирусот и укажа дека тоа е едноставно.

„На пример. Го знаеме кластерот од СДСМ. Треба да се има податок и за сите останати кои се инфицирани и ќе знаеме каде точно е лоциран вирусот. Ако може да ги визуелизираме кластерите зошто ја блокираме државата. Контрадикторно е како што вели Филипче поради кластер од 15 семејства да се блокира државата. Наместо да чекаме, треба да го нападнеме невидливиот непријател кој го уништува нашето здравје и нашата економија“, рече Николов.

Николов заклучи дека клучно во оваа ситуација е да се има слика за состојбата на здравствените работници. Тој укажа дека повторно се појавуваат многу заболени меѓу здравствениот персонал и оти мора да се тестираат сите за да не дојде до крахирање на здравствениот систем.

Слични содржини