Николов: Ако станам премиер, нема насилно да ги лишувам браќата од С. Македонија од европската иднина

од Nikola Popovski

Кандидатот за премиер на Бугарија, Пламен Николов, од партијата „Има таков народ“ најави дека неговата влада, ако ја добие поддршката во парламентот, нема да воведе линија на конфронтација со македонските власти и дека Договорот од Преспа можеби ќе треба да се ревидира.

-Главната работа што сакам е да ја направам Бугарија просветлена земја. Ќе се заложам за образование, иновации и култура“, вели во своето прво интервју Николов за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Тој додава дека нема „насилно да ги лишува своите браќа од Северна Македонија од можноста за европска иднина, иако ќе води грижа за бугарските национални интереси“.

Вчерашната номинација на Пламен Николов за премиер на Бугарија од „Има таков народ“ беше изненадување за бугарските политички партии, кои излегоа со воздржани коментари дека има добра биографија, но е непознат за нив.

Слични содржини