Николов: Дека коронавирусот постои и дека тој не бира ниту раса, ниту пол се уверија и оние кои не веруваа

од Берта Китинска

Изминатиов период е исполнет со сериозни предизвици и се уверивме дека присуството на корона вирусот е новата реалност, истакна д-р Сашко Николов, кандидат за пратеник од ИЕ 3.

„Се уверија и оние кои не верува дека тој постои и дека тој не бира ниту раса, ниту пол, ниту етничка или било каква припадност.Несериозниот пристап на одредени луѓе кон него, донесоа последици по здравјето и раст на бројот на новозаразени лица. Денес се соочуваме со една состојба каде што се бара од нас поголема општествена и социјална одговорност, но и сплотеност сите да ги почитуваме и темелно да ги спроведуваме препораките од Министерството за здравство“, вели Николов.

Тој апелира, граѓаните задолжително да држат физичка дистанца 1.5-2 метри, да носат заштитни маски во затворен простор меѓута и на отворен простор кога не можеме да ја одржиме таа дистанца и задолжителна дезинфекција на раце и на работните површини со кои стапуваме секојдневно во контакт.

Слични содржини