Николов: Одлуката за зголемување на цената на водата за пиење ја носи Регулаторна комисија, а не локалната власт

Регулаторната комисија е онаа која ја носи одлуката за зголемување на цената за водата за пиење, информираше денес градоначалникот на Штип, Сашко Николов, откако јавноста и граѓаните имаа свои реакции по социјалните мрежи.

Николов потенцира дека е зачуден од изјавите на советниците од опозицијата, кои знаат дека токму зголемувањето на цената на водата е според одлукат на Регулаторната комиисија.

„Ова си е најформална работа, законска работа, каде што Регулаторна комисија дава наредба на локалната власт, на Општината да ја регулира цената по проценти и какошто се напишани во 2021 5,4 %, 2022 некаде околу три до четири посто и 2023 година некаде околу, 2.5 %. Така да ги повикувам советниците да прочитаа, доколку не се научиле како некои работи функционираат во оваа држава и ние ги следиме законите“, посочи Николов.

Инаку, предлог одлуката за тригодишниот план за зголемување на цената на водата за пиење се најде на дневен ред на Комисиите на Советот на Општина Штип, а на првата седница во јануари се очекува да биде и изгласана од страна на Советот на Општина Штип.

Слични содржини