Николов: Преземам обврска да го исправам Штип пред предизвиците коишто доаѓаат

од Vladimir Zorba

Во ова време на пандемија Штип и штипјани покажаа демократија, општествена одговорност и дека Штип ќе продолжи по патот на Европа, по патот во сигурни раце, рече Сашко Николов, објавувајќи победа на денешните избори за градоначалник на Штип, во присуство на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Тој оцени дека денеска жителите на Штип демонстрирале одговорност и европска политика.

-Покрај сите опструкции коишто ги имавме во времето на овој предизборен молк нашите сограѓани рака за рака денеска си го изгласаа идниот градоначалник на Штип и гласаа дека Штип продолжува по демократскиот пат за европски отворен и безбеден град за сите наши деца, наведе Николов.

Моите сограѓани, посочи Николов, денеска ми дадоа обврска која што лично ја преземам за да го исправам градот пред предизвиците коишто доаѓаат пред нас. Тоа се рамноправност, тоа е грижа, тоа е потпора за секој еден граѓанин во оваа наша општина.

Според генералниот секратр на СДСМ Љупчо Николовски, изборите биле безбедни по здравјето, а граѓаните покажале голема одговорност и сериозност почитувајќи ги сите протоколи, овозможувајќи му на Штип да продолжи по модерниот и по европскиот пат којшто го зацрта Благој Бочварски, којшто со политиките на СДСМ и на Владата навистина даваат значајно влијание за Штип.

-Покажавме дека можеме пресврт да направиме во истокот и со проекти и со капитални инвестиции и со грижа за граѓаните и со враќањето на парите назад кај граѓаните и со сите политики коишто ги преземеме во овој период. Токму затоа расте поддршката на СДСМ во овој регион. Истокот е веќе бастион на социјалдемократијата, треба да сме горди на тоа и да го продолжиме тој пат, наведе Николовски.

Слични содржини