Николовска: Ако се обезбедат основни услови за живот во селата, секој ќе сака да оди и да живее таму

од Vladimir Zorba

Ако се обезбедат основни услови за живот во селата, секој ќе сака да оди и да живее таму, вели Ленче Николовска, во јавноста позната како агроновинар, поранешна пратеничка, како и советничка за земјоделие на Зоран Заев, во интервју за „Слободен Печат“.

Младите, според неа, се посебно интересни за овој процес, затоа што преку интернет и сите современи медиуми, гледаат како е во ЕУ, како е во развиените земји.

– Гледаат дека животот во руралните средини е престиж. Затоа нив најлесно можете да ги придобиете со она што го бараат како основен услов за живот – асфалтиран пат, продавница, амбуланта, грантови за да почнат сопствен бизнис… Младите не се како нивните родители да садат и да сеат само затоа што така правеле нивните предци или нивата да не остане необработена. Нив ги интересира профит, ако имаат пари ќе останат во селата, сигурна сум. Сега им се достапни и ЕУ-фондовите, тие се едуцирани, ќе аплицираат за мерките од ИПАРД, ќе повлекуваат пари во државата, ќе конкурираат за мерката „Млад земјоделец“, ќе го модернизираат производството на храна, а тоа е добро за целата држава, посочува таа.

Слични содржини